Науката го најде најдобриот лек за мамурлак

Сите што имале искуство со мамурлак, имаат своја верзија на најдобриот лек за ова, без разлика дали се таблети, храна, природни лекови или комбинација од сите. Но најновото научно истражување на оваа тема го откри најдобриот лек за премногу испиен алкохол - сок од азиска крушка.



Истражувачите од Commonwealth Scientific and Industrial Research Organization (CISRO), државна австралиска научна организација, спроведоа истражување чии резултати покажаа дека тест субјектите кои се напиле една чаша сок од азиска (јапонска, кинеска, корејска) крушка пред пиење на алкохол, имале помали или воопшто немале симптоми на мамурлак следниот ден.

Научниците кои го работеа истражувањето, ја гледаат причината за ова дејство на азиската крушка во ензимите што ги содржи сокот од истата, кои се неопходни за забрзување на преработката на алкохолот, како и впивање на алкохолот во организмот.

Доколку сакате да го пробате ова, напијте се ваков сок пред да почнете да пиете, а не потоа - не се докажани ефектите за ваква консумација. Исто така, не е јасно дали другите сорти на крушка го имаат истиов ефект, но сепак, нема да изгубите ништо ако пробате.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О