Како од мајка роден: Ако не падне интернетот, ќе паднат жените ширум светот!

Познат по тоа дека не се срами од ништо и нема влакна на јазикот, пејачот одлучил самиот да си го честита својот роденден на необичен начин.

Имено, пејачот Роби Вилијамс си го честитал себе си својот 41-ви роденден така што посакал да го сруши Твитер, објавувајќи своја фотографија на која е целосно гол, додека интимните делови ги крие со рацете.

“Мислите дека “дното од мојот стомак” може да го сруши интернетот?”, ги запрашал Роби Вилијамс своите фанови на оваа социјална мрежа, притоа на некој начин исмевајќи се со славните светски старлети кои се разголуваат “онлајн за да го срушат интернетот”.

 

Но, едно е сигурно, ако не падне интернетот, ќе паднат неговите многубројни обожавателки ширум светот. Пејачот синоќа наполнил 41 година, но се уште се однесува како да има 11 години.

Неодамна тој го воодушеви светот, кога од пораѓањето на својата сопруга направи своевидно шоу, објавувајќи видео снимки и фотографии, од самиот чин на раѓањето... Буквално, од местото на настанот!





ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О