Иако кинеската автомобилска индустрија е позната по ваквите потези, овој пат изгледа како вистински да претерале бидејќи нивниот кросовер Land Wind X7, од секој агол, бесрамно многу потсетува на британскиот оригинал.
Кражбата на интелектуална сопственост очигледно не е голема работа во Кина, бидејќи моделот Land Wind X7 официјално е претставен на кинескиот пазар каде се продава за 21.700 долари, што е третина од сумата што Land Rover ја бара за својот Evoque.
Од Land Wind велат дека X7 моделот веќе го нарачале 5.500 купувачи, а првите примероци во продажните салони низ азиската држава треба да се најдат кон крајот на месецот.