Во второто продолжение на најубавите љубовни цитати, следуваат уште 15 мисли на големите срца. Во само една реченица Бах, Шекспир и многу други личности успеале да ја доловат суштината на љубовта како никој друг до сега.
„Љубовта секојдневно прави чуда: ги ослабува силните, а ги зајакнува слабите; будалите ги прави мудри, а мудрите будали; ги поттикнува страстите, а го уништува разумот; со еден збор, превртува сè наопаку.“ - Маргарет де Валоис.
„Кога ти припаѓам на тебе, тогаш конечно си припаѓам на самиот себеси.“ – Микеланџело Бунароти
„Во аритметиката на љубовта еден плус еден е еднакво на бесконечност, а два минус еден е еднакво на нула.“ – Мињон Меклафлин
„Оние кои сакаат очекувајќи нешто за возврат, само губат време.“ – Пауло Коелјо
„Ако љубовта не е лудост, тогаш не е љубов.“ – Педро Калдерон де ла Барка
„Јазикот на љубовта се наоѓа во очите.“ – Финес Флечер
„На цветот му треба сонце да стане цвет, а на човекот љубов за да стане човек.“ – Фил Босманс
„Сè е лесно ако те води љубовта.“ – Ричард Бах
„Отсуството за љубовта е исто што и ветрот за огнот – ја гаси малата, а ја распалува големата.“ – Роџер
„Луѓето прават грешни – таков е животот. Но, да сакаш никогаш не е грешка.“ – Ромен Роланд
„Да се плашиш од љубов значи да се плашиш од животот, а оние кои се плашат се веќе три пати мртви.“ – Расел
„Времето кое сме го поминале без љубов е изгубено време.“ – Торкато Тасо
„Каде што сееш љубов, никнува среќа.“ – Вилијам Шекспир
„Љубовта не гледа во очите, туку во душата: затоа Амор на сликите е слеп.“ – Вилијам Шекспир
„Љубовта се раѓа, живее и умира во очите на човекот.“ – Вилијам Шекспир