Ракометарката Радуловиќ го напуштила Јохан поради насилство и материјално искористување!?

Луѓе блиски на тогашниот брачен пар Тарчуловски-Радуловиќ велат дека наводно вистинската причина за разводот била насилството, односно физичкото малтретирање од страна на Јохан, пишува порталот Либертас повикувајќи се на свои извори. Сегашната сопруга на Јохан Тарчуловски, Соња Тарчуловска синоќа била донесена во клиничкиот центар со тешки повреди, а на лекарите им било кажано дека паднала од терасата во семејниот дом. Полицијата го води овој настан како несреќен случај и не води дополнителна истрага, но на социјалните мрежи се шират шпекулации дека нешто е сомнително во паѓањето на Соња. Порталот Либертас пак, објави сторија во која повикувајќи се на свои извори, пишува дека првиот брак на Тарчуловски со ракометарката Валентина Радуловиќ се распаднал меѓу другото и поради насилство.

Во времето кога беше телохранител на претседателот Борис Трајковски, Јохан се ожени со многу популарната Валентина Радуловиќ, ракометарка на тогаш европскиот првак Кометал на Трифун Костовски, пишува Либертас. Овој брак траеше кратко, а Радуловиќ направи трансфер и замина во Австрија. Сепак, луѓе блиски на тогашниот брачен пар Тарчуловски-Радуловиќ велат дека наводно вистинската причина за разводот била насилството, односно физичкото малтретирање од страна на Јохан, пишува Либертас.

-Валентина практично побегна за да нема контакти со него и да не биде секогаш под неговата пресија и материјално искористување– вели за Либертас еден близок пријател на Радуловиќ.

Јохан ја започна врската со пејачката Соња пред апсењето и носењето во Хаг, пишува Либертас. Во бракот со неа има ќеркичка и синче кое му се роди додека беше во затвор. Минатата недела некои од медиумите објавија слики од црковно венчавање на Соња и Јохан во манастирот Бигорски, а на венчавката облечени како момче и невеста беа и нивните две деца. Уште од времето кога Јохан беше во Хаг владата ја вработи Соња Тарчуловска како советник на премиерот. Двајцата, откако тој се врати од Хаг пренагласено преку медиумите ја покажуваа љубовта што е меѓу нив, пишува Либертас.
johan-sonja

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О