Украински супер модел - единствен сведок на убиството на Борис Немцов!

Во тек е истрагата за убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов во центарот на Москва, а се истражуваат сите можни мотиви за ова злосторство - верзиите поврзани со неговата политичка активност, како и личните непријателства.

Според руските медиуми, последните часови од својот живот, Немцов ги минал со 23-годишниот украински супер модел, Ана Дурицка.

Истражните органи сметаат дека убиецот бил професионалец и дека бил запознаен со движењето на Немцов, истакнува порталот Spjutnik.

Во тек е испрашувањето на очевидците на убиството на рускиот опозициски лидер, а истрагата се води во повеќе правци, објавено било на официјалната веб страна на Руското истражно биро.

Немцов бил убиен вчера во околу 23:15 часот. Во него биле истрелани најмалку седум или осум куршуми, додека се шетал на мостот со познаничката која пристигнала од Киев.




На Немцов му пришол автомобил од кој биле истрелани куршумите, од кои четири го погодиле во грб.

23-годишната манекенка Ана Дурицка од Киев, која била со него во моментот на убиството, се наоѓа на испрашување во едно од одделенијата на градската полиција, како единствен сведок на убиството.

Според неофицијалните информации, Немцов и Дурицка вечерале во еден ресторан во трговскиот центар "ГУМ" на црвениот плоштад. Потоа излегле на улица и си заминале пешки.

"Нема сомнеж дека злосторството е прецизно планирано, и дека местото на атентатот е внимателно одбрано", стои во соопштението.

Убиството е поврзано со случувањата во Украина? - Руското истражно биро води истрага за убиството на Немцов во неколку насоки, вклучувајќи ја и можноста да станува збор за обид за дестабилизација на политичката ситуација, јавува Interfax.



Таа агенција, исто така, наведува дека Бирото ја разгледува и можноста дека станува збор за напад на радикални екстремисти, како и тоа дека убиството на Немцов би можело да биде поврзано со случувањата во Украина.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, им наложил на раководствата на Истражната комисија, руското МВР и службата за разузнавање, да формираат истражна група за расветлување на убиството на политичарот и текот на истрагата да го стават под контрола.



Адвокатот: "Добивал закани неколку месеци" - Адвокатот на семејството Немцови изјавил дека политичарот добивал закани од непознати лица на социјалните мрежи.

"Веќе неколку месеци имаше закани на социјалните мрежи. Поднесувавме и пријави, но немаше реакции", изјавил за Interfax адвокатот Вадим Прохоров.

Тој навел дека на тој начин на Немцов му се заканувале со убиство.



"Нагласувам дека тоа се случуваше пред неколку месеци", рекол адвокатот.

Телевизијата LifeNews објавила кратко видео на кое се гледа бел автомобил како вози кон мостот на кој било извршено злосторството.

Автомобилот бил снимен од камера поставена на улицата Иљинка. На полицијата ѝ е познат бројот на автомобилот, а се прегледуваат и снимки од камери бидејќи постои можност да бил снимен и убиецот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О