СДСМ: Стевчо има возен парк од 200.000 евра и живее во палата од милион евра

На чие име се води ова луксузно здание од 600 квадратни метри на Водно? На каков начин е стекнат овој имот во вредност од околу 1 милион евра? Дали е истиот пријавен до надлежните? Овие прашање ги постави Гоце Гавриловски од општинскиот округ на СДСМ од Карпош давајќи изјава пред куќа на Водно за која тој тврди дека е во сопственост на кандидатот за градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски, пренесува Нетпрес.

g sdsm
-Вчера Стевчо се сликаше пред колективна станбена зграда во која живеат повеќе од 100 семејства и најде да зборува за стан со имотен лист, платен со банкарска трансакција и кредит, во кој живеат двајца доктори специјалисти, нашиот кандидат за градоначалник и неговата сопруга со своите две деца. Стевчо и не е навикнат како сите граѓани на Карпош, дека стан не се "зема" туку се плаќа. Вчера Стевчо и призна на јавноста дека неговата партнерка ја има единствената менувачница во Сити мол во Скопје! Дали е етички во најголемиот објект на територијата на Карпош, за кој тој ја има издадено градежната дозвола, да ја има таму единствената менувачница- нека оценува јавноста, рече Гавриловски, пренесува Нетпрес.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О