„На диета сум речиси четириесет години!“

Познатата актерка Ким Катрал, која ја толкува улогата на откачената Саманта од „Сексот и градот“, кога сфатила дека слабеењето е се’ потешко како што поминуваат годините, почнала со диета многу млада. Оваа 56-годишна заводничка тврди дека речиси 40 години е на диета!

Ѕвездата на „Сексот и градот“, 56-годишната Ким Катрал, признава дека секојдневно се бори да ја одржи својата витка линија, но и дека на тоа посветила 40 години од нејзиниот живот.

„Често на шега велам дека сум на диета од 1974 година, што до некаде е и точно. Сакам да јадам, но моето тело по природа не е склоно кон слабеење, особено во овие години. Имам голем апетит“ – признала легендарната Саманта.

Освен тоа, открила и дека е воодушевена што се’ уште ја игра улогата на сексапилна жена, бидејќи длабоко во себе верувала дека кога ќе наполни четириесет години улогата Саманта ќе и’ биде доделена на помлада и поатрактивна жена.

Иако моментално ужива во статусот на слободна жена, Ким истакнува дека не се обидува да заведе мажи со изгледот и успешната кариера.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О