Уапсен најголемиот дистрибутер на детска порнографија во светот

Полицијата од Флорида го уапсила Џон Шерер, најголемиот дистрибутер на детска порнографија во светот, кај кого пронашла речиси милион снимки и фотографии.

Во моментот на апсење, Шерер активно ги бришел снимките од интернет и ги префрлувал на дискови. Во неговата куќа биле пронајдени неколку компјутери и екстерни хард дискови на кои ги чувал сите снимки и фотографии.

Покрај фотографиите и видеата со деца, полицијата во неговата куќа пронашла и детска долна облека, за која Шерер изјавил дека е во негова сопственост, бидејќи "сакал да носи детска долна облека".
Властите во Флорида соопштиле дека минатиот месец го идентификувала Шерер при следење на веб страни за детска порнографија. Откако бил уапсен, Шерер ја признал вината за поседување на фотографии и снимки, но полицијата бара докази во неговата куќа, кои ќе покажат дали и тој самиот носел деца во својот дом за да ги фотографира или снима.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О