Фулам го „бутна“ КПР кон испаѓање


Екипата Фулам ја постигна десетта победа сезонава во Премиер лигата откако синоќа во „малото лондонско дерби“ го совлада Квинс Парк Ренџерс со 3:2.

berbatov-500
Фулам водеше со 3:0, а резултатот го отвори Димитар Бербатов со двата гола во 8.минута и во 22.минута. Третиот гол беше автогол на Клинт Хил во 41.минута.
Гостите намалија на 3:1 преку Адел Тарабт во 45.минута. По само две минути игра во вториот дел беше 3:2 по голот на Лоик Реми, но Фулам ја задржа предност иако од 79.минута играше со играч помалку по исклучувањето на Стив Сидвел.
Ова беше дуел со кој се комплетираше 31.коло во Англиското фудбалско првенство.
Фулам со 39 бодови е на 10.место, додека Квинс Парк Ренџерс остана на претпоследното место со 23 бодови и сега е со подалеку од зоната за опстанок.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О