Атрактивната бринета решила повторно да добие медиумско внимание, но ни самата не знаела до какви сознанија ќе дојде откако на една веб страна за запознавање сретнала еден политичар.
Старлетата Синди Ледерс е позната по тоа што била дел од секс скандалот кој придонел за падот на њујоршкиот конгресмен Ентони Вајнер.
Овој пат, атрактивната бринета решила повторно да добие медиумско внимание, но ни самата не знаела до какви сознанија ќе дојде откако на една веб страна за запознавање го сретнала политичарот Џастин Мод.
Иако Џастин во септември требало да ја официјализира врската со својата избраничка, тој сакал да посетува веб страни за запознавање, каде што "налетал" на старлетата, пренесуваат странските медиуми.
Синди стапила во љубовен однос со Џастин, но во меѓувреме дознала дека тој е бисексуалец, односно дека преку страните за запознавање тој се гледал и со мажи.
Таа ги фотографирала сите преписки кои Џастин ги имал во телефонот со лица од истиот пол, и решила да ги обелодени. Старлетата открила дека политичарот обожувал да се допишува со црнци.