Русите создаваат бесмртен човек

Извор: Точка


До 2045 година, милијардерот Дмитриј Ицков планира луѓето да ги претвори во киборзи - пола човек - пола машина. Својот проект го нарекол "Иницијатива 2045", а неговата цел е во идните 30 години, човековите можности, меморијата и мислите да префрли во компјутер.
Рускиот милијардер, 32-годишниот Дмитриј Ицков, го претставил својот план за тоа како луѓето ќе ги направи бесмртни. До 2045 година Ицков планира луѓето да ги претвори во киборзи - пола човек - пола машина. 

Процесот е поделен во 4 фази. Во фазата "Avatar A" до 2020 година, би требало да биде имплементирана технологијата со која човекот, користејќи го својот мозок, би можел да ја контролира својата роботска реплика. Фазата "Avatar B" би требало да биде завршена до 2025 година, а нејзината цел е успешна трансплантација на човековиот мозок по смртта, во роботско тело. Фазата "Avatar C" предвидува пренос на сите знаења и можности на поединецот во роботот.



До 2045 година би требала да биде финализирана и фазата "Avatar D", со која човековиот живот би се преточил на холограмски приказ кој би бил контролиран од голем, централен компјутер.

"Веруваме дека тоа е возможно, и потребно доколку сакаме да го спречиме стареењето, па дури и смртта", изјавил Ицков.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О