Страшни фотографии од градот во Тексас по експлозијата на фабриката

Катастрофалната експлозија на фабриката за ѓубриво, го претвори мирното гратче Вест во место кое потсетува на нуклеарна катастрофа.

Уништени возила, згради кои се целосно срушени, очајни жители кои се евакуираат во соседниот град...Тоа се впечатоците од Вест, неколку часа по експлозијата во која загинале 15 лица, а неофицијално се зборува и за бројка од 70 жртви.

Експлозијата ги потресла куќите во радиус од 80 километри, а сведоците во описот на случката користеле изрази како "нуклеарна бомба", "војна", "Ирак", "катаклизма"...

Експлозијата лансирала огромен пламен во воздухот, кој можел да се забележи на 50 километри оддалеченост. Меѓу повредените е и локалниот шеф на штабот за вонредни ситуации, Џорџ Смит.


"Прозорите околу мене срушија, кровот падна врз мене", изјавил Смит.

Бред Смит живее на 80 километри оддалеченост, а ја почувствувал експлозијата во својата куќа.

"Не знаевме што се случува. На временската прогноза најавуваа невреме, па јас и мојата сопруга се запрашавме дали подранило 6 часа", вели Бред Смит.


Неколку часа по експлозијата, во локалната болница почнале да пристигнуваат повредените, со полесни, но и потешки повреди. Оние кои останале без своите домови, морале да побараат сместување во соседниот град.

Градот во моментов е пуст, бидејќи сите жители биле одведени на безбедно. Во Вест може да се видат само светла од амбулантни возила, пожарникари, полиција и војска.













ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О