Зукерберг: Facebook ќе има до пет милијарди корисници

Според Марк Закерберг, главната цел на Facebook е да го зголеми бројот на корисници од сегашниот број на три до пет милијарди корисници, а за тоа најмногу ќе придонесе новата апликација Home.
Марк Закерберг изјави дека апликацијата е направена со цел да заземе важно место во животот на корисниците на смартфони и луѓето да ги става пред програмата.

„Според нашите податоци, околу 23 отсто од времето минато на интернет, луѓето ги користат мобилните технологии“, изјави Закерберг додавајќи дека експеритте од Facebook напорно работеле во период од 18 месеци за да направат најдобар производ во споредба со досегашните.

„Ние се определивме да направиме сопствен дом (Home) на уредите што веќе се произведуваат“, додаде Закерберг.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О