Рускиот милијардер Александар Лебедев вчера соопшти дека ја продал компанијата „Red wingd“ по симболична цена од една рубља.
На авиокомпанијата „Red wings“ и беше одземена дозволата за авиосообраќај, откако еден од авионите на оваа компанијата имаше несреќа во Москва.
„Ги потпишав документите за продажба на 100 проценти од капиталот на „Red wings“, на една група инвеститори за една рубља, што е два евро центи“, напиша милијардерот на својот блог, но не го наведе идентитетот на купувачот.
Лебедев, бизнисмен и сопсвеник на британските весници „Ivning standard“ и „Independent“, додаде дека сторил се за да ја спаси компанијата.