Во споменатото видео вработените во популарниот сервис им порачуваат на корисниците дека од полноќ YouTube се гаси и повеќе нема да може да прима нови видео записи. Причината е изборот на најдобро YouTube видео, а победникот ќе биде објавен дури во 2023-та, кога сервисот повторно ќе проработи. Наградата е mp3 плеер кој може да се прикачи за ракав и 500 долари.
Инаку, видеото е преполно со YouTube селебрити личности, како што се Антоин Додсон или Мет Хардинг, а сите тие прифатиле да учествуваат, притоа во шега тврдејќи дека се надеваат дека ќе победат.
