Подоцна, на седница на Советот на општина Центар, Жерновски излезе со информација за тоа колку од буџетот на општината биле потрошени пари, а во врска со „Скопје 2014“ само за патување во Италија. Според ревизијата, милион и пол евра биле потрошени на авионски карти и сместување. Главната архитектка Валентина Стефановска била дури 25 пати во Италија од кои најмногу во Фиренца, каде е леарницата каде се лееја спомениците, а претседавачот со Советот на општината во Италија бил осум пати.
На овие наводи на Жерновски, од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од општина Центар на прес-конференција кажаа дека градоначалникот Андреј Жерновски е прогласен за ненадлежен градоначалник кој со ревизијата на „Скопје 2014“ бега од одговорност, а за самиот документ дека е сосила напишан.
Тие го повикаа градоначалникот да поднесе тужби за сите обвинувања, ако е навистина убеден во неправилностите со градбата на „Скопје 2014“. На прашањата на советниците од ВМРО-ДПМНЕ за ветените, а нереализирани проекти на Жерновски во првите сто дена, градоначалникот со контра одговор дека тоа е делумно и поради празната каса од која се одлеале пет и пол милиони евра буџет предвиде
н за оваа година.