![]() |
| ||||||||
Европската унија ќе го претстави радикалниот план кој ќе го зафати телекомуникацискиот сектор, а кој е наменет за зајакнување на единствениот телекомуникациски пазар и отстранување на непопуларните трошоци за роаминг во ЕУ.
Најавените планови пред Европскиот парламент ќе го претстави претседалот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. Комесарката на ЕУ за телекомуникации, Нели Крус, во последните неколку месеци укажувала дека од клучно значење е ЕУ сега да реагирал или во спротивно ќе ја загуби економската корист кој на либерализираниот телекомуникациски сектор може да му донесе единствен пазар од 500 милиони лица. Крус во повеќе наврати се злаожи за укинување на роамингот, а Европската комисија соопшти дека од 2016 година би требало да се укинат сите трошоци за роаминг. |
