Цукерберг е секоја година побогат за 9 милијарди долари, а тоа што планира да го направи со парите ќе изненади многумина

Минале пет години откако на американската берза се тргува со акциите на "Facebook". Секоја година директорот на компанијата Марк Цукерберг е за девет милијарди долари побогат, а неговото богатство сега изнесува 62,3 милијарди долари.


Индексот за милијардери на "Bloomberg" го вбројува Цукерберт на петтото место на најбогати луѓе на светот, најмногу благодарение на цената на акциите на неговата компанија.

Дебито на "Facebook" на берзата не било "розово". Инвеститорите почнале да се жалат бидејќи во првите три месеци тргување на берзата, вредноста на компанијата паднала за 11,9 милијарди долари.



Меѓутоа, тогаш ситуацијата почнала да се подобрува. Вредноста на компанијата до денес пораснала за 282 проценти, најмногу поради зголемувањето на бројот на корисниците на 1,3 милијарди, што изнесува 17 проценти од светската популација. Тоа воедно е зголемување и бројот на корисниците за 50 проценти.

Цукерберг им овозможил на инвеститорите да заработуваат од социјалните мрежи продавајќи веб-простор и кориснички информации на маркетиншки агенции.



Само од тоа профитот пораснал за 37 проценти минатата година. Вредноста на "Facebook" денес се проценува на 426,5 милијарди долари.

Многумина сметаат дека за тоа најзаслужен е Цукерберг, за кого велат дека неуморно работи на иновации.

И покрај тоа, американскиот милијардер во 2015. година потпишал со фондацијата "Бил и Мелина Гејтс" договор дека ќе донира 99 проценти од своето богатство.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О