Археолозите неодамна на локацијата на вилата во Тиволи, во близина на Рим, која ја изградил царот Хадријан во вториот век, откриле мрежа на тунели за која сметаат дека е подземен град закопан длабоко под вилата на римскиот цар.


Покрај мрежата на подземни патишта, археолозите откриле и низа предмети.
Хадријановата вила од вториот век, која УНЕСКО во 1999 година ја прогласи за локација која претставува светко културно богатство, ја сочинуваат 30 згради од кои секоја била опкружена со градини, базени и фонтани.


Новооткриениот голем подземен премин е поголем од останатите тунели, порано откриени под имотот, и е широк три метри и се протега повеќе од половина километар на североисток, потоа свртува на југ и води до кружно проширување од 700 метри за кои експертите сметаат дека служело за свртување на колите.


Археолозите уште не успеале да влезат во затворените тунели, па прво треба да се истражи каде водат. Моментално тунелите се расчистуваат, за до крајот на годината да можат да ги испитаат, пренесува Радио Слободна Европа. Преземено од Точка.