ЕКСКЛУЗИВНО: Вака денеска изгледа Мерцедесот во кој му беше извршен атентат на Глигоров

Целосно изрешетан и издупчен од десната страна, делумно згмечен со искршени стакла- некогаш најмодерниот модел на мерцедес  500 сел денеска е споменик на најголемата мистерија во поновата историја- атентатот на престедателот Глигоров.

Претседателскиот автомобил со кој Киро Глигоров пред 18 години тргна од својата резиденција кон Собранието денеска е паркиран во гаражата на МВР- конзервиран и добро чуван за некои подобри времиња кога полицијата би добила нов траг за продолжување на најтешката истрага.

Зад него на паркингот стојат остатоците од автомобилот бомба – ситроен ами 8 кој го чекаше претседателот на улица Македонија и експлодираше во точно 9 часот и 45 минути кога претседателскиот мерцедес помина покрај него на калдрмата кај Бристол. И денес како и тогаш двата автомобили се еден до друг.

Обидот за атентат на Глигоров беше кобен за неговиот возач Александар Спировгски а повреден беше и неговиот телохранител Илчо Теовски. Од повредите почина и Христо Христоманов кој на местото на настанот се нашол случајно а повредени беа и екс директорот на музејот на град Скопје климе Коробар и докртор Јован Атанасовски.




ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О