ФОТО: За Керим и Камчев законите на оваа држава не важат!

На фотографијата на Срѓан Керим со пеачката Аделина Тахира, која таа ја објави на инстаграм,  се гледа дека „лепото“ друштво во ресторантот „Сушико“ не го почитува законот за пушење и си уживаат во пура и цигара.

kerim1-516x540 

Денес државата реши Керим да го удостои со наградата 11 Октомври, а овој не ги почитува законите, поради кои досега „ситни“ кафулиња и ресторанти се малтретирани од инспекции и со казни поради пушење во истите. Дали ресторантот „Сушико“, во сопственост на Орце 

Камчев, има привелигирна позиција во оваа држава, па во него пушењето е дозволено!? 

Казните за пушење во кафулиња или ресторанти се движат од 2000 евра нагоре, па се до затворање на објекотот на еден месец. Дали инспекторите парично ќе го казнат „Сушико“ или пак ќе го затворат на еден месец!? 

Фотографијата е направена на забавата на адвокатка Ана Камчева, инаку сопруга на бизнисменот Јордан Камчев, која го собрала скопскиот џет-сет на прославата на својот роденден во ресторанот „Сушико“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О