Така, глумците Ден Ходап и Шелаја Еванс снимиле пародија што
покажува како зависноста од електронските тракатанци и сеприсутноста на
социјалните мрежи може да отиде предалеку.
Тие двајца глумат
љубовници што наместо да му се препуштат на сексот, постојано се снимаат
со разни помагала, а клиповите и фотографиите веднаш ги објавуваат на
своите профили на социјалните мрежи, за да привлечат поголемо внимание и
да соберат лајкови.
За жал, Јутјуб го отстранил видеото, и покрај тоа што е само пародија и што е прилично пристојно и духовито.