Смртоносно езеро ги претвора животните во статуи

Езерото Натрон во Танзанија го нарекуваат и смртоносно езеро. Стотици птици што слетуваат во него завршуваат умрени, а нивните тела остануваат калцифицирани статуи.

Фотографот Ник Брендт кој често престојува и работи во Африка (режисер на култниот спот на Мајкл Џексон за песната Earth Song во 1995-та) случајно ги открил овие сочувани птици и лилјаци покрај езерото и ја направил серијата фотографии наречена „The Calcified“.
Животните се фотографирани како што се најдени и сместени во нивната „жива“ положба, пренесува магазинот New Scientist.
Условите за живот во ова езеро се екстремни за просечниот животински свет - температурата во езерото достигнува и до 60 степени Целзиусови, а pH вредноста и до 10 (речиси колку амонијак).
Бидејќи е плитко, за време на топлиот период водата во ова африканско езеро брзо се суши и испарува. Она што останува е мешавина од соли и минерали (вид сода бикарбонат) наречена натрон, од каде и доаѓа називот.

Се претпоставува дека токму оваа мешавина е виновна за калцифицирањето на животните, што ги зачувува нивните мртви тела и остава да наликуваат на статуи.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О