Манекенката открила зошто има најголеми гради во Австралија

Сара Мери Самер е 23-годишна девојка, која за прв пат ги зголемила градите на 17 години. Поради големите гради пати од болки во грбот, а тешко ѝ е кога вози и танцува.

Австралиската манекенка се опишува самата како Барбика, а на Инстаграм има повеќе од 250.000 фанови. Иако поради нејзиниот изглед многумина мислат дека 23-годишната Сара е порно ѕвезда, таа на сите кои ја следат на социјалните мрежи им порачува дека покрај тоа што можат да ја гледаат на фотографиите, можат и да ја слушаат нејзината музика.


Имено, таа неодамна го снима спотот за песната "Nylon Legs".

Не сум порно ѕвезда

"Мислам дека мојата музика е одличен избор за клубовите и музичките фестивали. Пеам цел живот", рекла таа за Daily Mail.


Таа ја имала и својата прва филмска улога, иако не сакала да открие за што станува збор.



"Поради договорот кој го потпишав, не смеам ништо да кажам пред да се објави филмот. Можам само да кажам дека станува збор за романтична комедија и дека се радувам на нови проекти", рекла Самер.


За третата операција одвај пронашла хирург кој сакал да ја оперира

Оваа девојка првата операција на градите ја направила на Нов Зеланд кога имала 17 години. Бидејќи не била задоволна, под нож отишла и втор пат. За третата операција одвај пронашла хирург кој сакал да ја оперира.



"Тогаш кожата ми се растегна многу, па на телото имав пликови и рани. Пиев антибиотици, а докторите сакаа да ми ги извадат силиконите", раскажала Сара.



На социјалните мрежи ѝ пишуваат дека ги понижува жените

Во коментарите на социјалните мрежи ја навредуваат, ѝ пишуваат дека грда, дека со тој потег си го уништила животот и дека ги понижува другите жени.


"Секогаш сум имала силна сексуалност, па не можам да верувам дека луѓето во 2015. година тоа го доживуваат како грев".


Но, таа не сака тука да застане, па и покрај советите од лекарите, таа сака да направи и четврта операција.


Денес таа пати од болки и тешко ги врши секојдневните активности, но размислува и за уште една операција.



ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О