Индиската недела чинеше половина милион евра

Заврши индиската недела во Македонија во која убави Индијки, танчери, музичари, актери, поранешни мисици, па дури и поранешен премиер на влијателна европска држава продефилираа низ Скопје, а дојдоа и готвачи за да ја зачинат гала вечерата. Целиот фестивал чинел половина од милион евра.

Единствено просторот на Новиот театар бил отстапен бесплатно, другото се’ било платено од индиската групација. Како што дознаваме, само за хотелското сместување на гостите и учесниците на фестивалот биле потрошени 150 илјади евра, а за авионски превоз на делегацијата и на танчерите од Индија биле платени 120 илјади евра.

За опремување на сите сали, стадионот и останатите потребни елементи поврзани со конференцијата се платиле над 100 илјади евра.

Настаните поврзани со најавата на целиот Фестивал чинеле околу 80 илјади евра. Субрата Рој не штедел и кога решил да повика триесетина новинари од регионот, од Словенија, Хрватска, Бугарија и Грција за да го пренесат целиот настан, а тие пак, најмногу се интересирале кога и дали ќе инвестира и кај нив. Нивниот престој го финансирала компанијата „Сахара“. Организаторите велат дека сите средства освен авионските карти, останале во Македонија, за луѓето кои биле вклучени во организација на настаните, хотелите, рестораните, печатници, куќи кои биле изнајмени.

Тука влегуваат и трошоците што ги направиле шеесетбројната делегација од Индија која еден месец во земјава работела на подготвките на Фестивалот. Дел од делегацијата престојувала во хотели, а дел во изнајмени куќи, како и самиот индискиот домаќин, Субрата Рој, кој престојуваше во куќа во Злокуќани.
Специјален тим од „Сахара Стар хотелот“ од Мумбаи допатувал со индиски зачини да го подготват менито и храната заедно со готвачи од хотелот „Александар Палас“.Остана единствено енигма колку Субрата му платил на поранешниот британски премиер Тони Блер за говорот во Скопје. Организаторите тврдат дека пријателството меѓу екс премиерот и Субрата било пресудно Блер да дојде и да одржи говор, но од друга страна пак е познато дека е тој еден од најскапите говорници на светската сцена чија тарифа достигнува и до 7 илјади евра за една минута.
Неговото доаѓање и говор всушност му дадоа тежина на целиот Фестивал. Блер ја издигна Македонија, посочувајќи дека земјата не е веќе балкански проблем, туку е решение, и дека местото и е во ЕУ и НАТО.

Фестивалот на почетокот на неделата започна бомбастично, а така и заврши, иако немаше толку многу холивудски ѕвезди како што се очекуваше, ниту многу политичари, освен Блер, кои заедно со премиерот Никола Груевски и со бизнисменот Субрата Рој пратија пораки за мир меѓу државите, мир меѓу религиите, мир меѓу младите, семејствата, домот.

Субрата во своите интервјуа и говори ги дефинираше мирот, семејството, криминалот, улогата на медиумите. Порача дека Владата треба со закон да прецизира која е идеалната големина на едно семејство, дека медиумите се виновни за ширењето негативна атмосфера во едно општество, затоа што зборуваат и пишуваат за лоши настани, расправии, убиства. Тој во интервју за „Утрински весник“ ги обвини медиумите во Индија за неговиот спор со регулаторното тело СЕБИ. Истакна дека новинарите направиле драма од безначаен настан. „Тоа се само приказни, во суштина се едно големо ништо.

 Пред се’, нема никаква истрага во Индија за мене и сите активности се одвиваат според процедура. Има само одредени случаи за кои ни оддалеку не може да се каже дека на било кој начин ќе влијаат врз нашата инвестиција во Македонија“, изјави тој.

На самиот старт од фестивалот порача дека тој почнал од Македонија, како земја без криминал, ама призна дека во неговата компанија има многу криминалци кои ги вработил и им оставил време да се променат.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О