ФОТО: Град Скопје почна со уништување на Паркинзи Центар

Град Скопје почна да ја реализира идејата и желбата да ги обезвласти и да ги одземе паркинзите на ЈП Паркинзи Центар.
Денеска започнаа да ги уништуваат паркинзите во Дебар Маало.

vozilo-trkalo

Секторот за сообраќај на МВР има испратено ургенции до инспекциските служби за сообраќај на град Скопје да се отстрани целата вертикална и хоризонтална сигнализација, бидејќи нема решение од град Скопје и согласност од МВР.
Но истите инспекциски служби не постапуваат на паркинзи каде градски паркинг стопанисува, како што е улицата Максим Горки, сите улици околу МТВ, улица Дебарца, тротоарите кај главната Пошта, дел од улицата Орце Николов и на многу други локации.



rabotnik-ulicaipatista1

Сообраќаен инспектор од градот Скопје со вработени од ЈП Улици и патишта, почна да ги отстранување на вертикалната и хоризонтална сигнализација за паркирање.
Не сакаше да му објасни ништо ни на градоначалникот Андреј Жерновски, кој веднаш дојде на местото каде се отстрануваше демаркација.

rabotnik-ulicaipatista
„Два дена го барам градноачалникот на град Скопје, Коце Трајановски, но тој не се јавува. Ако вака постапувате, тогаш град Скопје треба да си плати се што не плаќал на општина Центар. Дури и во оваа држава мора да има ред и да се почитува законот“, рече Жерновски.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О