Ким сподели нови фотографии од Норт Вест


Во јавноста се појавија уште неколку нови и преслатки фотографии од малечката ќерка на Ким и Канје, Норт Вест.



Реалити ѕвездата сподели две нови фотографии на нејзиниот Инстаграм профил вчера и не повика да го погледнеме нејзинито мајчинско искуство и да дознаеме какво е чувството да се одгледува Норт Вест заедно со Канје Вест, а тоа очигледно би требало да е многу забавно.
На првата фотографија, 5-месечното бебе е во прегратките на италијанскиот дизајнер Рикардо Тисци и седи во неговиот скут. Ким под фотографијата својата ќерка ја именуваше како „нов стилист“.



На втората фотографија се гледа Норт која е во фаза на нејзината преслатка насмевка. Ким под сликата на својата насмеана ќерка напиша „лол“.



Ова се најблиските фотографии на малечката Норт кои до сега се објавени во јавноста. Што мислите, на кого личи повеќе, на Ким или на Канје?

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О