Прасе родено со "човечки лик": Колекционерите се борат кој ќе го купи!

Мутираното прасе родено со “лик како на човек”, умрело набрзо по раѓањето, а сега колекционерите на животински остатоци се борат кој ќе го откупи од сопственикот.

Имено, животното со неверојатно необичен изглед било родено неодамна на една од фармите во Кина, а откако фотографиите од прасето завршиле на интернет, сопствениот Тао Лу добил огромен број на понуди за продажба на чудното суштество, објавува ”Daily Mail”.

Но, туристот одлучил да го сочува деформираното животно, со надеж дека истото ќе го претвори во необична туристичка атракција... Сепак, за жал животното умрело откако било отфрлено од неговата мајка и откако тоа одбило да јаде од шише.

Со својот необичен лик, огромните очи и чудниот израсток на челото, несреќното прасе речиси воопшто не наликувало на животно од овој вид. Откако локалните медиуми ги објавиле фотографиите од чудното прасе, бројни луѓе се понудиле истото да го купат.

 

Тао Лу рекол дека неговите пријатели и соседите побрзале да го погледнат прасето на неговата фарма сместена во градот Нанинг, во провинцијата Гуанкси. Четириесетгодишниот фармер изјавил: “Беше малку полесно и беше едно од последните 19 прасиња кои се родија”.

“Сите останати прасиња беа нормални, само ова беше навистина бизарно. Штета што умре, ќе можев да добијам многу пари за него, со оглед на тоа што луѓето ми дадоа многу интересни и привлечни понуди”, додал Тао


И покрај понудената грижа и нега, чудното прасе не издржало долго. Еден од локалните жители, Ву Кунг (32), кој што ги објавил фотографиите од прасето на интернет, изјавил: “Јас бев еден од десетиците луѓе кои што дојдоа да го видат прасето. Тоа навистина имаше човечки лик и чуден израсток на челото”.

 

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О