Apple со рекорден број продадени уреди за последниот квартал

Apple ги објави резултатите за првиот финансиски квартал на 2014, кој заврши на 28 декември 2013. Компанијата забележа приход во висина од 57.6 милијарди долари и нето добивка 13.1 милијарди долари или 14,5 долари за акција.

За споредба пред една година приходите беа 54,5 милијарди долари, соопштија од компанијата.

Објавените податоци покажуваат дека за првиот квартал Apple поставиле своевиден рекорд по бројот на продадени iPhone и iPad уреди, односно 51 милиони и 26 милиони парчиња.

Продажбата на истите уреди година порано се соодветно 47,8 и 22,9 милиони парчиња.

Apple ја предвиде и подобри продажбата на Mac во споредба со минатата година – 4,8 милиони единици, во споредба со 4,1 милиони во истиот период во 2013.

Компанијата ќе исплати дивиденда во износ од 3.05 долари за акција на своите акционери.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О