На балканската сцена и требаше лик како Даниел Кајмакоски!

Каролина Гочева вели дека Даниел Кајмакоски, дечкото кој и ја напиша песната “Не се враќаш” која се најде на последниот албум на пејачката насловен “Капка под небото”, е лик, односно пејач, каков што нема на ексју просторите и признава дека се радува на неговиот успех во светското музичко шоу што се емитува и на овие простори Х-фактор.

-Искрено, многу ми е драго што конечно таков талент исплива на површина, ми се јави неколку дена пред да почне да се емитува шоуто ми кажа дека се пријавил и знаев дека ваква реакција ќе предизвика кај јавноста, му посакувам победа и искрено очекувам победа. Со него имаме еден комплетен пакет и лик каков што нема на ексју просторите, вели битолчанката, која деновиве е преокупирана со подготовките за петте концерти во МОБ од 22 до 25 февруари каде концертно ќе го промовира новиот албум “Македонско девојче 2″.

Таа вели дека со миленикот на Жељко Јоксимовиќ се познава од 2008 година, се запознале во шоуто на Слави Трифунов во Бугарија каде и двајцата биле гости.

-Уште тогаш беше евидентно дека има талент, потоа дојде во Скопје со Бертан Арслани работеше нешто се јавија и ни понудија неколку песни, ние бевме при крај со албумот “Капка под небото” и ја земавме само “Не се враќаш”, се присетува Каролина на првата средба и соработката со Кајмакоски.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О