Отворени сефовите на Аркан, а во нив – НИШТО!


Во "Комерцијалната банка" во Белград, вчера беа отворени сефовите на Жељко Ражнатовиќ Аркан, но во нив не било ништо пронајдено, пишува "Blic".

Наредбата за отворањето на двата сефови беше издадена минатата недела, со цел да се дознае дали некогашниот командант на Српската гарда оставил некакви докази.


Обвинителството поднело вакво барање, поради тоа што од Хашкиот трибунал добиле материјали кои биле предмет на обвинителниот акт против Аркан.

Овој материјал се проверува, а обвинителството ќе одлучи дали ќе започне некаква кривична постапка.


Српските медиуми пишуваат дека на отворањето на сефовите не присуствувала Светлана Цеца Ражнатовиќ, ниту останатите наследници на Жељко Ражнатовиќ Аркан.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О