Се вратила од 2-годишен пат околу светот, па исчезнала без трага во близина на куќата

Лијен Берден (33), која неодамна се вратила дома по 2-годишно патување околу светот, мистериозно исчезнала недалеку од куќата на свекорот и свекрвата, каде, заедно со сопругот била на гости.
Последен пат е видена на 17-ти јануари, кога тргнала да трча недалеку од нивната куќа во Сан Антонио, Тексас.

Таа и нејзиниот сопруг Џош биле во посета кај неговите родители неколку недели по враќањето од долгиот пат, и планирале да се вратат во својата куќа во Денвер, Колорадо и да бараат работа.


Полицијата соопштила дека детално е пребарана целата област околу градот и дека се внимава и на најмалите траги.


"Немаме претстава што се случи, сега за сега нема никакви индикации, полицијата не извести дека ни они не знаат каде би можела Лијен да биде", - изјавува братот на исчезнатата, Мајкл Хект.


Како статус на Фејсбук семејството напишало:
"Не изгубивме надеж дека ќе ја најдеме Лијен. Денешната потрага нас само не зајакна во верувањето дека треба да ги појачаме напорите и да размислуваме за сите места на кои би можела да биде."



ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О