Samsung го пушта Galaxy Glass во септември

Samsung може да покаже конкурентен производ на паметните очила Google Glass, за време технолошкиот саем IFA во Берлин во септември оваа година.

Гаџетот, наречен Galaxy Glass ќе може да се поврзе со вашиот смартфон. Тоа ќе ви ги покажува дојдовните повици и ќе ви овозможи да слушате музика, велат од јужнокорејското издание “Кореја тајмс”.

Веста не открива многу детали околу самиот хардвер на очилата, но од неа, станува јасно дека во својата работа, Samsung Electronics ќе соработува и со друга сестринска фирма – Samsung Dislpay.

“Новите паметни очила кои Samsung ќе ги претстави, се нов концепт за носење на телото и уред кој може да доведе до една возбудлива култура на комуникација“, вели весникот.

За можната веродостојност на овие тврдења зборува и фактот дека во октомври 2013 година компанијата доби патент уред од видот паметни очила.

Според друг извор на ” Кореја тајмс” плановите на Samsung предвидуваат ограничено пуштање на бета верзија на Galaxy Glass во втората половина на годината.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О