Неверојатно е како некогаш работите можат толку многу да се променат што воопшто не изгледаат како што делувале на прв поглед. Оваа приказна, која претставува преписка помеѓу двајца поранешни сопружници, е показател баш за таквите ситуации.
„Драга жено,Ти го пишувам ова писмо за да те известам дека засекогаш те оставам. Бев добар сопруг 7 години, но ништо не добив за возврат. Последниве две недели беа особено ужасни. Капката која ја прели чашата беше повикот од твојот шеф, кој ми соопшти дека си дала отказ од работа. Минатата недела се врати дома и не ни забележа дека си ја имав поткастрено косата поинаку од вообичаено, дека ти го подготвив омилениот оброк за вечера и дека дури облеков нова свилена долна облека. Ти сè изеде за две минути, си ја изгледа серијата и одма отиде на спиење. Одамна не сум те чул да ми кажеш дека ме сакаш, не сакаш да правиш ништо што поврзува еден маж и една жена. Или се гледаш со некого или веќе не ме сакаш. Како и да е, јас те оставам!
Твојот поранешен сопруг.
П.С. Не се ни обидувај да ме пронајдеш. Јас со твојата сестра се преселив во Западна Вирџинија, засекогаш.
Чао!“
„Драг бивши мажу,
Одамна ништо не ме израдувало така како што ме израдува твоето писмо. Во право си, во брак сме 7 години. Што велиш – добар сопруг? Ха-ха, далеку од тоа, далеку… Серијата ја гледам бидејќи ми се смачи од твоето постојано кукање. Всушност, во последно време ни тоа не помагаше. Ја забележав твојата нова фризура минатата недела, и сè што сакав да ти кажам беше: ‘Изгледаш како некоја баба!’ Бидејќи мајка ми ме учеше да кажувам добри работи или да молчам, се определив за второто. А кога го подготви моето омилено јадење, ти сигурно си ме помешал со сестра ми, јас не јадам свинско месо веќе 7 години. Потоа, за твоите нови свилени гаќи… Ги забележав, ама немав никаков коментар кога видов дека на нив сè уште виси етикетата со цена од 49.99 долари. Веројатно е случајност, ама баш тоа утро сестра ми од мене позајми 50 долари… Без разлика на сè, јас уште те сакав и мислев дека ќе ги решиме сите наши несогласувања. Затоа, кога добив на лото 10 милиони долари, дадов отказ од работа и купив две кати за Јамајка. Но, кога се вратив дома го пронајдов твоето писмо. Па, што да кажам, ништо не се случува без причина… Се надевам дека ќе бидеш среќен во својот живот. Мојот адвокат ми кажа дека благодарејќи на твоето писмо, нема да извлечеш ни денар од мене. Така што… Чао!
Твојата поранешна жена, богата и слободна!“