Тестот кој го подели светот: Кои бои вие ги гледате на овој фустан?

Двобојниот фустан го подели интернетот во две групи и така стана своевиден експеримент за различниот тип на перцепција на различни луѓе.

Фотографијата од фустанот, на интернет првенствено ја постави една блогерка која започна расправа измеѓу нејзините пријатели за тоа кои бои ги гледа.

„Луѓе, ве молам помогнете ми! Дали овој фустан е бело-златен или сино-црн? Моите пријатели и јас не можеме да се сложиме и целосно полудевме!“, напишала таа.


Така, фотографијата се прошири по интернет, а луѓето се групираа во златно-бел тим и сино-црн. Дури и некои славни личности се вклучија во оваа расправа. Меѓу нив се пејачката Тејлор Свифт, а потоа и ријалити ѕвездата Ким Кардашијан која рече дека таа и нејзиниот сопруг Каније Вест гледаат различни бои на овој фустан.

Причината поради која гледаме различни бои на оваа фотографија е таа што нашиот мозок ги обработува информациите за боите. Кога ќе видите нешто, вашите очи му испраќаат порака на мозокот. Светлината може да варира од најслабо до најсилно, па така мозокот може да ги обработи информациите на различни начини во зависност од добата на денот и условите и така всушност, добивате различни одговори кога станува збор за боите на овој фустан.


Сега кога прочитавте што гледаат познатите личности, кои бои вие ги гледате на фустанот?

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О