Дали е Џенифер Лопез најзгодната мајка на светот?

Џенифер Лопез има 45 години, го освои врвот на светската музичка сцена, собори многу музички рекорди, но за нејзината насмевка и среќа најзаслужни се токму нејзините слатки дечиња. Оваа дива е мајка на две деца и за неа тоа е доволен извор за неизмерна среќа.

Џенифер Лопез за најновиот број на магазинот "People" изнесе повеќе детали од својот семеен живот, помеѓу кои дефинитивно најзвучна беше реченицата:

- Јас го сакам својот живот!

Иако таа зад себе веќе има три неуспешни бракови и две деца, 6-годишните близнаците Ема и Макс, таа за своите години изгледа и повеќе од одлично, па токму затоа се уште се смета дека е една од најубавите жени во светот. Па ако токму сега помисливте дека таа има се, се лажете, Џеј Ло вели дека посакува уште повеќе во животот!


Џеј Ло признава дека нема многу голема среќа на полето на љубовта, но сепак посакува уште еднаш да биде благословена со уште барем уште едно бебе, но и близнаци доаѓаат предвид! За неа децата се најголем мотив и поттик за да продолжи понатаму.

Пејачката на својот Instagram профил објави фотографии кои ќе се појават токму на страниците на споменатиот магазин. На нив Џеј Ло е заедно со своите ќерка и син и нивните три кучиња.


Џенифер близнаците ги доби од бракот со пејачот и актер Марк Ентони. Таа за своите дечиња има и посебен прекар – кокосови ореви.

Атрактивната ѕвезда очигледно не се предава и не се одрекува од добриот изглед, па многумина коментираат дека изгледа како да има барем двојно помалку години.


Шармантната Џеј Ло направи големо раздвижување и на недамнешното доделување на Оскарите во Лос Анџелес. Таа заблеска во фустан со потписот на Elie Saab, а тогаш после блиска средба со својот поранешен вереник Бен Афлек, таа стана и една од главните ѕвезди на оваа манифестација.



Во еден момент Бен Афлек пред очите на папараците и бројните ѕвезди ѝ пријде на Џеј Ло и ѝ прошепоти неколку зборови. Неговиот потег ја скокотна фантазијата на многумина, па сега се поставува прашањето што е тоа што Афлек таинствено би можел да ѝ каже на својата поранешна партнерка.

Џенифер и Бен после раскинувањето останаа во добри односи, не станаа најдобри пријатели, но од одвреме навреме си испраќаат пораки за да се пофалат за новите улоги, новите хитови или некои други деловни успеси кај едниот или другиот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О