Сè поголемиот број на кучиња скитници во Карачи ги исплашил жителите на тој град, но и властите, кои за да се заштитат од нив решиле сурово да ги убијат. Вакви инциденти не биле забележани само во Карачи, туку и во други градови во Пакистан, а причината поради која дошло до масакрот на кучињата ќе ве наежи.
Карачи е град во Пакистан, кој борбата против кучињата скитници ја решил на тој начин што масовно ги убил. Овие рестриктивни методи биле искористени затоа што во овој град сè уште нема лек против беснило.
Властите биле премногу вознемирени, бидејќи бројот на кучињата скитници секојдневно се зголемувал. Со цел да се отстрани опасноста од беснило, тие решиле да ги убијат кучињата и да ги наредат на патот. Потоа ги ставиле во камиони и го одвеле надвор од градот.
На овој начин Пакистан и уште неколку земји се борат против беснилото кое може да биде смртоносно, бидејќи влијае на централниот нервен систем, пишува Daily mail, пренесува српски telegraf.
Сè поголемиот број на кучиња скитници во Карачи ги исплашил жителите на тој град, но и властите, кои за да се заштитат од нив решиле сурово да ги убијат. Вакви инциденти не биле забележани само во Карачи, туку и во други градови во Пакистан.
Овие постапки биле осудени од организациите за заштита на животните.