Архитект тврди: Ќе докажам дека 11. септември е режиран, во кулите имало експлозив!

Во име на архитектите и инженерите кои се сомневаат во официјалната верзија за нападот на кулите близначки во Њујорк, Гејџ во Виена ќе одржи мултимедијална презентација на оваа тема.

Ричард Гејџ, еден од најпознатите претставници на здруженито "Архитекти и инженери за вистината за 11. септември", на 11. мај во Виена ќе одржи предавање, каде што ќе се обиде да докаже дека на 11. септември 2001. година, облакодерите на Светскиот трговски центар во Њујорк биле намерно разнесени со експлозив.

Во име на архитектите и инженерите кои се сомневаат во официјалната верзија за нападот на кулите близначки во Њујорк, Гејџ во Виена ќе одржи мултимедијална презентација на оваа тема. Тој нагласува дека по големото истражување на научните и форензичките докази, како и изјавите на очевидците кои биле занемарени, побарано било независно и детално истражување на структуралните грешки.



Најзастапената теорија на заговор, која се повторува веќе 14 години, е дека во облакодерите однапред бил поставен експлозив кој ги разнел зградите. Најголем сомнеж предизвикува третата зграда, "World Trade Center 7", која се урнала, а притоа не била погодена, односно во неа не удрил авион, како што било случај во двете кули.

Теоретичарите на различни теории на заговор, велат дека намерно бил поставен експлозив "термит", а официјалните докази тоа го демантираат.



Официјалните резултати од истрагата на Федералната агенција за заштита од катастрофи и државната техничка агенција "NIST", ги отфрлаат овие заговори како "нецелосни и неточни".

Гејџ и неговите истомисленици сметаат дека овие официјални истражувања се базирани на лаги, и дека во предвид биле земени само доказите кои одговараат.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О