Мистериозна смрт: Наследникот на нафтена империја пронајден мртов, приведена неговата девојка

Ендру Гети, внук на Џин Пол Гети, еден од најголемите нафтени магнати во Америка, бил пронајден мртов во вторникот под необични околности во својата вила во Холивуд Хилс. Смртта на Гети ја пријавила неговата поранешна девојка, на која, по негово барање неодамна ѝ бил забранет пристап.

Лекарите од итната помош го пронашле Гети во несвесна состојба и гол од половината надолу, "а во ректалниот предел крвавел од повреди нанесени од тап предмет".

Полицијата за Los Angeles Times изјавила дека не е јасно како Гети бил повреден.



Поранешната девојка на Гети била приведена како личност од големо значење за истрагата, но припадник на полицијата во вторникот соопштил дека Гети веројатно починал од природни причини или како несреќен случај.

"Имаме информации дека Ендру не се чувствувал добро во последните неколку месеци, и дека наводно имал закажан преглед кај лекар за во среда", рекол службеникот Ед Винтер.



Поранешната девојка на Гети била ослободена од притвор, но американските и британските медиуми не наведуваат кога.



Извори од порталот TMZ тврдат дека парот имал проблематично минато и дека Гети пред само две седмици против неа издејствувал забрана за пристап. Полицијата, наводно, повеќе од 30 пати била повикана во вилата вредна 3,7 милиони долари, во главно поради расправија во куќата.



При тие повици, Гети и неговата девојка понекогаш биле под дејство на дрога.

Семејството Гети го зазема 54. место на листата најбогати американски семејства, а нивното богатство се проценува на околу 5 милијарди долари.



Шкотско-ирското семејство го пронашла "течното злато" кога од Ирска имигрирала во САД. Парите, меѓутоа, им донеле големи проблеми.

Џин Пол Гети имал пет деца од пет брака, а една од снаите му починала од предозирање со хероин. Кога неговиот внук Џон Пол Гети бил киднапиран во 1973. година, неговиот татко прифатил да го плати откупот од 3,2 милиони долари, дури откако му било отсечено увото на 16-годишното момче.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О