Осум години го носеше дресот на Барселона, а сега Анчелоти го сака во Реал!

Се чини дека тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти нема голема доверба во Асиер Иљараменди, Сами Кедира и Лукас Силва.

Сосема е јасно дека на лето италијанскиот стручњак доколку го води Реал и следната сезона ќе мора да најде достојна алтернатива за Лука Модриќ. Шпанските медиуми пренесуваат дека главниот стратег на „Галактикосите“ решението го нашол во неговиот поранешен клуб ПСЖ!

Имено, во 32-годишниот Тиаго Мота гледа достојна замена за Модриќ, а шпанските медиуми тврдат дека веќе „Кралевите“ оствариле контакт со искусниот Бразилец.

Секако, прашање е каков е ставот на Мота во врска со неговото евентуално преминување во Реал Мадрид со оглед на тоа што Бразилецот осум сезони го носеше дресот на каталонскиот гигант Барселона.

Во Барселона пристигна во 1999-та година од Бразил, а две години подоцна беше промовиран во првиот состав на Барселона. Во летото 2007-ма година премина во мадридски Атлетико, а кариерата ја продолжи во Џенова, Интер и сега моментално настапува на „Паркот на принцовите“.

Договорот на Мота со ПСЖ му истекува следната година, а неговата цена на трансфер маркетот се проценува на околу пет милиони евра.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О