Шоуменот Јанко Илковски попознат како Јанко јади бурек пред малку бил нападнат пред неговиот дом во Скопје.
Веста со назнака Ексклузивно, прв на неговиот фејсбук профил, ја објави неговиот колега тв-шоуменот Миленко Неделковски.
Порталот Инфомах ја пренесува веста и прстот го вперува во активисти на опозицијата. Порталот тврди дека нападот врз Јанко пред неговата врата траел подолго и дека дури и алфите пристигнале да го обранат.
Инфомах ги повикува НВО здрушенијата на Сорос,Хелсиншкиот комитет и ЗНМ како што напишале да си ги држеле своите “ кучиња“ на ланец.
Засега нема информација од МВР за нападот кој како што тврдат Миленко и инфомах се случил предмалу и дека таму дошле и алфите.