Во Тетово пукано кон три момчиња


Засега непознат напаѓач малку по полноќ кон саботата во Тетово од огнено оружје пукало во три момчиња во возило, но за среќа, во инцидентот нема повредени

Нападот, според пријавата, се случи околу 00,15 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово, додека М.Д.(21),Б.А.(23),В.Ш.(23) и Р.Ш.(20) се движеле со возило од спротивната страна на улицата се доближило друго возило од коешто излегло непознато лице и испукало неколку куршуми кон нив по што тие веднаш побегнале и случајот го пријавиле во Полициската станица Тетово“.

Пријавителите во извршениот разговор посочиле едно осомничено лице како можен сторител на кривичното дело. Службеници на СВР Тетово веднаш излезегле на местот на настанот, извршен е увид подигнат е предметен материјал и предаден за вештачење. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О