Со операцијата што се изведува ширум Косово се опфатени и куќите на други луѓе, а не само оние вмешани во судирот во Македонија.
AP наведува дека операцијата уследила откако македонските политичари изнеле тврдење дека оружените напади ги организирале луѓе од Косово, со цел да ја дестабилизираат Македонија.
Агенцијата потсетува дека повеќето од 26 уапсени во Куманово се од Косово и дека меѓу нив се и поранешни припадници на албанските оружени формации кои учествувале во војната на Косово, но и во конфликтот во Македонија во 2001 година.
