Груевски: Нема повлекување


Премиерот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски нагласи дека нема да се повлече од својата функција на денешниот митинг на партијата пред Собранието. „Нема повлекување“, одговори тој на бројните барања да си поднесе оставка, од Македонија и од странство .

– Тоа што ни се случува е диктатура на политичкото малцинство поддржано од инструменти на странска служба. Македонија не е ниту Груевски или Зоран Заев. Ова е македонија, овој народ, вие сте најдобриот одговор на сите сценаристи кои цврсто веруваа дека ќе не скараат, дека ќе ни ги исперат мозоците, дека ќе не прелажат со креирани, сечени и лепени снимки, лажни воведи и наративи. Ние сме денес тројно или четири пати побројни од тие вчера, одлучни и решители до бескрај. Нема повлекување – рече тој.

Груевски рече дека опозицискиот лидер се обидува да дојде на власт преку манипулации, интриги и поддршка од странски разузнавачи служби.

– Исправени сме пред искушение да се судриме меѓу себе, тоа е наметната психолошка состојба, многу агресија, гнев, поделби. Заев не само што нема да биде премер, никогаш повеќе нема да ја добие поддршката на струмичани за градоначалник, поминаа неговите пет минути, и за струмица и за Македонија – порача тој.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О