
Победата од 91:94 за малку ќе беше доведена под прашалник бидејќи Пол Пирс постигна тројка со звукот на сирената и го израмни резултатот, но судиите решија дека неговиот шут бил задоцнет и го поништија, со што „јастребите“ се пласираа во натамошниот дел од плеј офот.
На овој натпревар Перо Антиќ имаше најмала минутажа и одигра само пет минути, период во кој придонесе со три офанзивни скока.
Во регуларниот дел од сезоната, Атланта и Кливленд одиграа четири натпревари, а во три од нив славеа „јастребите“ од Џорџија.