Таа е најсмртоносниот снајперист: “Застрелав 24 Украинци”!

Сите вие сте виновни, рекла Гимракова, која се бори на страната на проруските сили, пред да ги убие затворениците.

Оксана Гимракова, пред почетокот на немирите во Украина била даночна работничка, која никогаш не држела никакво оружје во своите раце. Една година подоцна таа е најопасниот снајперист на сепаратистичката војска на таканаречената Доњецка Народна Република, пишува Daily Mail.

"Убив 24 Украинци", вели 28-годишната Гимракова за британскиот весник, додека нејзиниот сопруг Руслан гордо додава: "Сега нудат 200.000 долари за нејзината глава".



Молел за живот - Дали е тоа точна бројка, тешко е да се потврди, но и Оксана и Руслан се појавуваат на списокот на терористи кои го објавува војската на Украина.

"За време на битката на Мајорск, предградие на Хорловки, Оксана убила двајца воени заробеници. Еден од нив бил офицер, а другиот 22-годишен член на украинската пешадија. Тој ја молел за живот. "Имам жена и дете", рекол. "Не, ти си виновен како и сите тие", му рекла таа. Потоа ги уби, и него и офицерот, рекол Руслан.



Командантот на нивната единица, Александар Шумаков, вели дека животот на фронтот е ист веќе 15 месеци.

"Немаше ниеден ден прекин на огнот", рекол тој коментирајќи го договорот од Минск.



Сè се променило - Како што објаснил тој, неодамна три камиони со украински војници се нашле зад нивните редови.

"Ги сопревме, им дадовме совет како да дојдат до својата база и ги ослободивме. Сега не би го направил тоа. Сè се промени. Украинците мачат воени заробеници. Цивилите ги стрелаат со посебни куршуми...", рекол Шумаков.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О