Во понатамошниот тек има спојлери, така што доколку не сте ја погледнале последната епизода од петтата сезона овде треба да престанете да читате.
Финалето на петтата сезона заврши со прободувањето на Џон Сноу од страна на членовите на стражата, со тоа што Оли го зададе финалниот убод. Она што му се случи на Сноу, предизвика голема дебата за иднината на ликот и евентуалното враќање (постојат различни теории согласно кои Џон Сноу би можел да биде присутен во понатамошниот тек на настани).
Како и да е, уште со емитувањето на крвавиот настан познат како Red Wedding гледачите почнаа да објавуваат видеа со своите реакции на дејството од серијата. Компилацијата што ќе ја погледнете во продолжение е сочинета од реакции од гледачи на последните моменти на Џон Сноу во финалето.