Само во Америка: Дете случајно се јавило на 911, полицијата дошла и им го застрелала кучето 6 пати!

Шест куршуми, во куче?! Мислам, па што може да се каже?, воздивнал Стенсил. Признал дека кучето ги нападнало полицајците кога пристигнале на нивниот имот.

Семејството од Сан Франциско размислува да преземе правни чекори откако еден полицаец го убил нивното куче, одговарајќи на случаен итен повик. Според локалната телевизија KGO ABC, двајцата полицајци одговориле во неделата навечер на итниот повик, откако детето, играјќи си со телефонот, случајно се јавило на 911.


Џефри Стенсил изјавил дека никогаш не можел да замисли дека невина грешка ќе заврши со убиство на нивното куче Зои.

"Шест куршуми, во куче? Мислам, што може да се каже?", воздивнал Стенсил. Признал дека кучето ги нападнало полицајците кога пристигнале на нивниот имот.

"Таа заржи, јас ја смирував "не, не не". Но, тој почна да пука", рекол тој.



И семејството и полициската управа на Сан Франциско се сложиле дека Зои го гризнала полицаецот за рака барем еднаш. Сепак, семејството тврди дека пукањето можело да се избегне.

"Разбирам дека ја вршеа својата работа", рекла Мадона Стенсил.



"Тоа е разбирливо, но факт е дека не ни дадоа шанса да ја одведеме на сигурно, а рековме "чекајте ќе ја тргнеме"".

Полициската управа на Сан Франциско објавила дека полицаецот бил гризнат повеќе пати, и дека пукањето било потребно за да се прекине нападот на пит булот.



Меѓутоа, тоа е мала утеха за семејството Стенсил, чиј долгогодишен миленик е сега мртов.

"Таа е нашиот миленик. Ја чувавме повеќе од 10 години, тоа може да ви го скрши срцето", рекла Мадона Стенсил.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О