Конечно една реална фотографија: Таа покажа како навистина изгледа пет дена после раѓањето на синот



Фотографиите од совршени стомачни мускули само неколку дена после породување се вистински хит меѓу холивудските ѕвезди. И сопругата на Алек Болдвин го покажа својот стомак, но ако очекувате да видите совршени стомачни мускули, овој пат тоа не е случај.

Опуштена кожа, по некој килограм плус и стрии не се необична работа после бременост, но кога ќе ги погледнете фотографиите од совршено рамни стомаци, па дури и стомачни мускули после раѓање на дете со кои се фалат ѕвездите на социјалните мрежи, би можеле да помислите дека не е така.


Совршено рамни стомаци, па дури и стомачни мускули после раѓање на дете станаа работа на престиж кај познатите дами, но истовремено предизвикуваа големи негодувања на интернет. Многумина сметаат дека со објавувањето на тие фотографии се врши притисок врз жените дека мора да изгледаат совршено по излегувањето од болница.

Хиларија Болдвин го направи спротивното. Таа објави селфи, направено само неколку дена после раѓањето на синот, но на таа фотографија нема да видите ниту совршени стомачни мускули ниту рамен стомак. Хиларија покажа како навистина изгледаат жените кои штотуку се породиле. Токму затоа, оваа фотографија предизвика многу позитивни коментари, а жените ширум светот и` се заблагодаруваат затоа што „им помогнала на жените да ја вратат самодовербата после раѓањето на дете“.


И за време на бременоста Хиларија редовно ги известувала своите следбеници на социјалните мрежи за напредокот на своето бебе, а со исто темпо продолжува и по раѓањето на синот. Рафаел е второ дете за Хиларија и нејзиниот сопруг, актерот Алек Болдвин. Парот веќе ја има ќерката Кармен, која ќе наполни две години во август.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О